Шахтар го одбра стадионот на кој ќе игра како домаќин во Лигата на шампионите

После привремената преселба од Доњецк во Киев, клубот Шахтар во следната сезона своите мечеви од Лигата на шампионите како домаќин ќе ги игра во полскиот град Гдањск, доколку УЕФА не дозволи играње во Украина.

Во Шахтар биле воодушевени од приемот и инфраструктурата во Гдањск, каде играа хуманитарен меч со Лехија, па засега уште неофицијално, одлучиле таму да ги играат своите домашни мечеви, секако под услов ако не смеат да играат во својата Украина, каде има војна во моментов.

Стадионот во Гдањск има 44.000 седишта, беше отворен во 2011 година, и на него се играа мечеви од Европското првенство во 2012.

- Оглас -

Најнови вести