Шахтар ја шокира Барселона, Милионерите по вторпат подобри од Њукасл (Видео)

Фудбалерите на Шахтар приредија изненадување во првиот меч од четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите победувајќи ја Барселона. Украинскиот тим на „Фолкспаркстадион“ во Хамбург славеше со минимални 1:0 и му го нанесе првиот пораз на шпанскиот шампион во ЛШ сезонава.

Голот кој ги шокира фудбалерите на Барселона го постигна Данило Сикан во 40-тата минута.

Во второто полувреме, Чави во игра ги внесе најдобрите играчи сезонава, Педри, Жоао Феликс, Јамал, Балде, но неговите фудбалери не успеаја да најдат начин да го совладаат Дмитро Ризник.

Борусија Дортмунд во дуелите со Њукасл ги освои сите шест бода откако и вечерва славеше пред своите гледачи. Откако во третото коло победи со 1:0 на гости, вечерва Борусија на „Сигнал Идуна парк“ славеше со 2:0 и изби на првото место на табелата во групата Ф до вечерашната пресметка меѓу Милан и ПСЖ.

Никлас Фулкруг во 26-тата минута погоди за 1:0, а во второто полувреме, Јулијан Брандт во 79-тата минута од контранапад погоди за 2:0.

- Оглас -

Најнови вести