Шахтар против Реал Мадрид може да направи чудо што им успеало само на четири клуба

Шахтар Донецк на стадионот во Киев вечерва ќе го пречека најтрофејниот клуб во историјата на Лигата на шампионите, Реал Мадрид. Шпанскиот гигант со 13 титули европски првак е недостижен за сите останати, па затоа секогаш е посебен мотив да се игра против Кралевите.

Иако Реал е фаворит за победа, Шахтар има голем мотив да слави вечерва. Овие две екипи играа и лани во групната фаза од ЛШ, а на изненадување на многумина, Украинците ги добијат двата меча. На дуелот во Мадрид, гостите славеа со 3:2, а потоа на свој терен Шахтар победи уште полесно со 2:0.

Сега Шахтар има шанса да стигне до трета победа во низа против Реал, нешто со кое во цел свет може да се пофалат само четири клуба. Баерн Минхен, Ливерпул, Ајакс и Јувентус успевале да го победат Реал трипати по ред.

Ајакс прв се израдувал на три триумфи во низа против Реал, и тоа беа двете во полуфиналето од КЕШ во 1973 година (2:1 и 1:0), а потоа следуваа и третата и четвртата победа по ред во групната фаза од ЛШ во 1995 година (победи од 1:0 и 2:0).

Баерн „тројката“ ја има комплетирано од 2001 до 2002 година во ЛШ. Во полуфиналето од ЛШ во 2001 година Баерн победуваше со 1:0 и 2:1, а следната година се израдува и на триумф од 2:1 во четвртфиналето.

Низата од три победи на Ливерпул започна во финалето на КЕШ во 1981 година со триумф од 1:0, а продолжи со двата меча во 2009 година и победите од 1:0 и 4:0. Јувентус во 2005 година го победи Реал со 2:0, а потоа во групната фаза од ЛШ во 2008 година се радуваше со 2:1 и 2:0.

Вечерва Шахтар има ретка можност да се приклучи во едно елитно друштво, каде што се само поранешни европски шампиони.

 

- Оглас -

Најнови вести