27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Шахтар се врати во минатото, на стадион заминаа со автобус од 1973 година (Фото)

Шахтар од Доњецк на последниот натпревар сезонава во украинската лига против Ингулец, победи со 1-0, а интересно е што Рударите од Доњецк на меч на „Олимпијски“ во Киев дојдоа со автобус произведен во далечната 1973 година. Шахтар прослави 85-годишнина од своето постоење, па решија денеска да го користат истиот превоз што користеле играчите во 1970-тите години.

Автобусот е во совршена состојба и специјално опремен за фудбалскиот тим. Патувањето со ретро автобус траеше од хотел до стадион и предизвика позитивни реакции кај играчите и тренерите на Шахтар.





 

- Оглас -

Најнови вести