Шахтар стаса на непријателска територија по пласман во четвртфиналето во Европа Лигата

Шахтар оддамна не може да игра на својот стадион во Донецк најмногу од политички причини и поради комплицираната ситуација во Украина, а направи интересен избор за вечерва.

Актуелниот првак на Украина од 18.55 часот ќе игра на непријателски терен, на „Олимпискиот стадион“ во Киев, кој е дом на најголемиот ривал Динамо, а гостин ќе им биде германски Волфсбург.

Мечот е реванш во осминафиналето на Европа Лигата, а Шахтар ќе тргне со предност од 2:1, по победата во март на „Фолксваген“ арена во Волфсбург.

Ако успеат да минат понатаму ривал за полуфинале веројатно ќе им биде Базел, екипа која утре на домашен терен го игра завршниот чин од осминафиналниот двомеч со Ајнтрахт и има предност од 3:0.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести