6001 Локомотив Москва – Баерн Минхен (18:55 ч.)
Европскиот првак Баерн Минхен е како машина за давање голови во новата сезона. Во девет меча од сите натпреварувања постигна 34 погодоци, односно речиси по четири на натпревар. Така беше и на мечот против Атлетико Мадрид, кога Баварците славеа со 4:0.
Локомотив Москва освои бод против Салцбург исто така во меч со четири погодоци. Русите тешко дека ќе може да го сопрат налетот на Баерн, но сигурно нема да се предадат без борба.
Предлог тип: 4+ (1.80)
6002 Шахтар – Интер (18:55 ч.)
Украинскиот тим го направи најголемото изненадување во првото коло откако со 3:2 го победи Реал во Мадрид. Гостите беа без неколку првотимци кои беа заразени со корона-вирусот, но и покрај тоа, направија чудо против Кралевите. Шахтар и Интер играа само пред два месеци, кога во полуфиналето од Лигата на Европа, Нераѕурите немаа милост и победија со 5:0.
Двете екипи ги имаат речиси истите состави, па реално Интер не смее да дозволи кикс, иако игра на гости.
Предлог тип: Х2&2-4 (1.85)
6003 Аталанта – Ајакс (21 ч.)
Минатосезонскиот полуфиналист Аталанта и во новиот предизвик во ЛШ започна фуриозно со победа од 4:0. Ајакс минатиов викенд во домашното првенство забележа историска победа од 13:0, па Холанѓаните сигурно полни со самодоверба допатуваа во Бергамо.
Две екипи кои едноставно обожаваат напаѓачки фудбал, па головите треба да бидат гаранција во следните 90 минути. Овие две екипи никогаш претходно немаат играно меѓу себе.
Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.71)
6004 Атлетико Мадрид – Салцбург (21 ч.)
По убедливиот пораз од Баерн, тимот на Атлетико не смее да си дозволува киксови на свој терен ако сака да биде барем втор во групата. За многумина ова е најсигурниот „кец“ вечерва, но не треба да се заборави фактот дека Салцбург во новата сезона е без пораз (девет победи и едно реми).
Атлетико на четири од последните пет меча игра од 0-2 гола, па во Мадрид може да видиме тврд меч, а секако дека Јорганџиите се поблиску до триумф.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.81)
6007 Олимпик Марсеј – Манчестер сити (21 ч.)
Како вистински претставник на францускиот фудбал, Олимпик на осум од последните 10 меча игра со не повеќе од два гола. Сезонава и на Сити некако му е многу потешко да даде гол, но се чека во ритам да влезе Серхио Агуеро.
Ако се гледа според историјата, Олимпик може да се пофали со европска титула, додека Граѓаните уште сонуваат за такво нешто. Сепак, според актуелните состави, гостите се поблиску до победата.
Предлог тип: Х2&ГГ (2.00)