Шакира го преболе Пике? Пејачката била на вечера со еден од најдобрите Формула 1 возачи во историјата 

Колумбиската пејачка Шакира по разделбата со Пике и преселбата во Мајами, повторно е вљубена, пишуваат медиумите во САД, како и шпанската „Марка“.

Шакира, која заедно со децата годинава ја напушти Барселона, минатиот викенд кога се одржуваше трката за Големата награда на Мајами таа била на вечера со седумкратниот формула 1 шампион, Луис Хамилтон. Тие вечерале во ресторанот „Сипријани“, а со нив биле уште неколку нивни пријатели.

Исто така, тие дел од слободното време го поминале во заедничко возење со брод.

„Шакира не само што уживаше во трката, туку и во екслузивната вечера со еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1. Тоа претставува изненадување и никој не очекуваше такво нешто. Очигледно е дека не требаше многу време за да се појават шпекулациите за нивната врска“, пишува „Марка“.

- Оглас -

Најнови вести