Шаќири ќе го глуми Салах, Ориги го замени Фирмињо по подвиг против Барселона

Џердан Шаќири и Дивок Ориги се замените на Јирген Клоп за Мохамед Салах и Роберто Фирмињо на реванш-дуелот со Барселона во обидот да се приреди подвиг и да се атакува на анулирање на огромната предност на Каталонците од 3-0.

„Енфилд роуд“ ќе биде во транс, ќе им дава крилја на домаќините, а главна закана за голот што ќе го брани Алисон ќе биде поранешниот напаѓач на Ливерпул, Луис Суарес, заедно со Лео Меси.

Еве ги стартните состави на двата тима за реваншот од полуфиналето, вечерва од 21 часот на „Енфилд роуд“:

Ливерпул: Алисон – Александер-Арнолд, Ван Дајк, Матип, Робертсон – Милнер, Фабињо, Хендерсон – Ориги, Мане, Шаќири.

Барселона: Тер Штеген – Роберто, Пике, Ленгле, Алба – Видал, Бускетс, Ракитиќ – Меси, Суарес, Кутињо.

- Оглас -

Најнови вести