Шаќири ќе прославувал ако даде гол против Косово, ама без претерување

Еден од најдобрите швајцарски фудбалери на сите времиња, Џердан Шаќири, кој е роден во селото Жегра кај косовскиот град Гњилане, вечерва во дресот на швајцарскиот национален тим против родното Косово ќе игра важен меч за пласман на Европско првенство, со победа, Швајцарија обезбедува место на ЕВРО 2024.

Шаќири често вели дека е горд на своето потекло, пред мечот со Косово во Приштина велеше дека од почит нема да прославува ако даде гол, додека се интонираше косовската химна, се држеше за срце, но за вечерашниот меч на кој Швајцарија е домаќин, тој најавува дека ќе прославува.

„Сакам да победиме и пред нашите навивачи да прославиме пласман на ЕП. Ова за мене ќе биде посебен меч. Се разбира дека сакам да дадам гол, секогаш сакам да давам голови кога играм за Швајцарија, ќе прославам и вечер против Косово. Нема да претерувам, почитта која ја имам кон Косово, ми налага да не славам бурно“ – вели Шаќири.

- Оглас -

Најнови вести