Шаќири е нов тренер на Шафхаузен, го замени селекторот на Швајцарија

Артим Шаќири е назначен за нов тренер на швајцарскиот второлигаш, Шафхаузен. Поранешниот македонски репрезентативец доаѓа на местото на Мурат Јакин, кој го презеде кормилото на репрезентацијата на Швајцарија. Тој е веднаш ставен на располагање на тимот, но поради недоволна документација, непознато е дали ќе дебирира во петок, кога неговиот тим ќе се соочи со Лозана.

Во досегашниот тек од сезоната, Шафхаузен се наоѓа на седмото место со шест освоени бода по пет одиграни натпревари.

За Шаќири ова ќе биде петти клуб во неговата тренерска кариера, откако претходно ги водеше екипите на Шкендија, Пемброк од Малта и Кукс и Фљамуртари од Албанија.

- Оглас -

Најнови вести