Артим Шаќири со победа стартуваше на клупата на Шкендија откако тетовчани со 2:0 славеа на гостувањето кај Пелистер, во меч од 26-тото коло во Прва македонска лига. Прославениот некогашен македонски репрезентативец пред два дена седна на клупата на Шкендија и донесе три бода од Битола.
Дефанзивецот Михаил Маневски во 65-тата минута погоди за водство на тетовци, а во 78-мата минута Нафиу стави крај на сите дилеми кога донесе втора радост за гостите. Шкендија сега има 51 бод и се одлепи на второто место пред Академија Пандев, која ремизира на гости кај Борец играјќи 1:1.
Македонија Ѓорче Петров стигна до важна победа во трка за второто место на табелата, откако со 1:0 победи на гости кај Ренова. Мечот беше решен буквално во последните секунди, кога Филип Алексовски искористи едно невнимание на домашните стопери и успеа да погоди за победа на тимот од Ѓорче Петров.
Лидерот Шкупи на свој терен во Чаир не успеа да го скрши отпорот на Скопје и дуелот заврши без погодоци. Работнички беше најубедлив на гости победувајќи со 3:0 кај Брегалница, додека единствен тим што на домашен терен победи во ова коло е Тиквеш, кој победи со 2:0 против Струга Трим Лум.
Табела: Шкупи 62 бода, Шкендија 51, Академија Пандев 49, Македонија ЃП 49, Ренова 37, Брегалница 37, Струга 33, Скопје 26, Тиквеш 24, Борец 15, Пелистер 10 бодови.