19.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025

Шаквил ќе тргне по стапките на славниот татко, прв професионален клуб ќе му биде легендарниот холандски клуб

Шаквил ван Перси ќе тргне по стапките на познатиот татко Робин и се очекува да потпише договор со славниот холандски клуб Феенорд, во кој Ван Перси сениор ја почна својата кариера.

Шаквил има само 15 години и од 2017 година е член на Феенорд, а сега е пред потпис со познатиот холандски гигант.

Беше член и на пионерските Академии на Манчестер сити и на Фенербахче, а се врати во Феенорд, каде што игра во младинските категории.

Робин ван Перси пет години беше член на Феенорд на стартот од кариерата, а потоа играше за двата англиски гиганти, Арсенал и Манчестер јунајтед, потоа и за Фенербахче, а кариерата ја заврши во својот дом кај Феенорд.

Моментно е помошник-тренер во истиот клуб каде што игра неговиот син Шаквил, а за Холандија одигра 102 меча и постигна 50 гола.

 

- Оглас -

Најнови вести