Шалке 04 има многу лоша сезона во Бундеслигата и е на последното место само со 12 бода по 19 кола, но затоа има навивачи што се фантастични.
Збратимените УГЕ со Комити на македонскиот Вардар и останатите групи симпатизери на Шалке 04 се многу верни на клубот од Гелзенкирхен и на гостувањата сезонава во просек ги имаше по 6.000, што е одлична бројка.
Пред нив се само симптизерите на најтрофејниот германски клуб Баерн, со просек од 6.556 навивачи на гостувањата.
Прегледот и анализата се направени заедно за првите 3 германски лиги, а не е изненадување четвртото место на второлигашот Кајзерслаутерн, кој е еден од најпознатите германски клубови со голема база фанатични симпатизери.