Шалке 04 потфрли, Чурлинов играше во најчудниот меч во Цвајта

Шалке 04 не успеа да го победи Холштајн Кил во најчудниот меч сезонава во Втората германска лига.

Во Гелзенкирхен мечот заврши нерешено 1:1, а интересно е што судијата Вахитцки не покажа ниту еден картон, ниту жолт, ниту црвен за вкупно 94 минути игра.

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов беше стартер за Шалке 04 и играше до 63.минута кога беше заменет со Мариуш Бултер.

Гостите поведоа со голот на Мухлинг во 67. минута, а најдобриот стрелец на Шалке 04 и трет голгетер во Цвајта, Симон Тероде со 13-от гол во сезоната израмни на 1:1 во 74. минута.

Шалке 04 пропушти шанса со победа да се пробие на третото место на табелата кое гарантира бараж против клуб од Бундеслигата за пласман во елитата.

- Оглас -

Најнови вести