Шалке 04 смени четворица тренери во 2020 година, сега има мајстор за титули, но и за опстанок

Швајцарскиот мајстор за титули, но и за опстанок, Кристијан Грос е нов тренер на Шалке 04, а мисијата е позната да се спаси гигантот од испаѓање во Бундеслигата.

Грос е четвртиот тренер на Шалке 04 во 2020 година, која е една од најлошите во историјата на клубот од Гелзенкирхен. Шалке 04 е последен во Бундеслигата само со 4 бода и ниту една победа на 13 меча.

Швајцарскиот тренер има огромна педигра во европскиот фудбал, а љубителите на најважната споредна работа на светот најмногу го паметат како шеф на стручниот штаб на Базел.

Таму работеше 10 години и успеа да го предводи тимот до четири домашни круни и исто толку пехари во швајцарскиот куп, но и го етаблираше Базел како редовен учесник во ЛШ и во ЛЕ.

Во сезоната 2002/03 го победија финалситот Јувентус во меч од Лигата на шампионите, откако претходно го исфрлија Селтик, а забележаа и две ремија со Ливерпул и едно со Манчестер јунајтед.

Претходно Грос успеа да го спаси Тотенхем од испаѓање, потоа и Штургарт во Германија, а на почетокот на тренерската кариера освои и две титули со Грасхоперс, кој е најтрофеен клуб во Швајцарија.

Договорот со Шалке 04 за 66-годишниот стратег е важечки до крајот на сезоната, а ако успее да го спаси тимот од испаѓање, можно е да го продолжи договорот.

Грос ќе дебитира на клупата на фенерџијата на втори јануари, на мечот со Херта во Берлин.

 

- Оглас -

Најнови вести