Германскиот фудбалски гигант Шалке падна на најниско ниво во последните години и не може да излезе од кризата која предолго трае, а сега го достигнува својот врв.
Медиумите во Германија објавија дека Шалке должи неверојатни 168 милиони евра, па сега единствениот спас го бара кај навивачите. Шалке ги моли фановите да му помогнат, а идејата е тие да купат акции во култната „Велтинс арена“ во Гелзенкирхен.
Челниците на Шалке сакаат да ги решат сите наталожени финансиски проблеми и долгови со продажба на стадионот, па преку официјално соопштение најавија дека одат да ги продадат акциите на стадионот. Прво ќе се формира ново здружение за оваа намена, а цената по акција треба да биде помала од 750 евра.
Für unser Schalke von morgen 🤝
In einem intensiven Prozess hat die Vereinsführung strategische Überlegungen angestellt, wie der #S04 seine Zukunft selbstbestimmt und positiv gestalten kann.
Als Ergebnis steht die Fördergenossenschaft auf Schalke ➡️ https://t.co/MJQgqhd30o
— FC Schalke 04 (@s04) October 16, 2024
Претседателот на Шалке, Матијас Тилман, објасни дека новоформираната асоцијација на тој начин ќе купи акции на стадионот, со кои ќе продолжи целосно да управува клубот.
Угледниот весник „Билд“ овој потег на Шалке го нарече почеток на „просјачка кампања“, а проектот ќе започне за околу еден месец, за кога е закажан состанокот на собранието на Шалке. Клубот очекува овој бизнис модел да му донесе спас на клубот кој испадна од Бундеслигата во 2021 година, потоа успеа да се врати, па потоа повторно експресно да испадне во Цвајте, каде што игра во последните две сезони.
Според резултатите на почетокот од оваа сезона, Шалке ќе се бори да не испадне и од втората германска лига. Од досега одиграните осум меча, Шалке освои само осум бода и моментално е на 13-тото место од вкупно 18 екипи во лигата.
Шалке до неодамна беше и редовен учесник во Лигата на шампионите, каде што последен пат играше во сезоната 2018/19 и стигна до осминафиналето. Последниот трофеј Шалке го освои во 2011 година, кога го освои Купот на Германија.