25.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Шалке гази во Бундеслигата

Шалке 04 беше подобар од Мајнц, победи со 2:1 со гол во 89. минута и со 10 бода се искачи на врвот на табелата колку што има и Лајпциг, но со меч помалку.

Домаќините долго водеа со голот на Сердар во 26. минута, но се закани Онисиво со израмнувачки погодок за Мајнц во 74. минута. Гостите беа блиску до првото реми во новата сезона во Бундеслигата, но радоста им ја скрати Харит со победнички гол за Шалке 04 во 89. минута.

Викендов се играат останатите мечеви од петтото коло во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести