Шалке 04 и трето коло по ред во Бундеслигата одигра без голови, и продолжи да собира бод по бод, но и понатаму е заглавен на последната позиција на табелата во германското елитно првенство.
Тимот од Гелзенкирхен на мечот со Волфсбург вечерва имаше поддршка од 55.000 фанови, но публиката не виде гол кој беше признат.
Готите не реализираа пенал во 9-тата минута, а на Шалке во второто полувреме му беа поништени два гола, од кои за едниот се гледаше и ВАР снимка.