Шалке не му се дава на Шефилд, борбата за најлош тим во топ 5 лигите продолжува (Видео)

Херта не дозволи да има проблем со Шалке 04, и со победата од 3-0 ја продлабочи кризата во тимот од Гелзенкирхен. После 14 кола во Бундеслигата, Шалке има 10 порази, и четири ремија. Полош тим од Шалке во Топ 5 лигите засега е само Шефилд јунајтед кој 17 кола не знае за победа.

Херта го прекина постот од три кола без победа. Тимот од Берлин треба да го радува што во листата на стрелци се запишаа повратникот Кордоба кој паузираше повеќе од еден месец, и Полјакот Пјонтек кој даде гол само две минути по влегувањето во игра.

Ова е голот на Матео Гендузи (негов втор гол сезонава, првиот гол даде во декември), со кој се најави новиот пораз на Шалке:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести