Полјаците се надостижни во групата Г по победата од 2:0 вечерва во Варшава против Македонија и третпат по ред ќе играат на Европско првенство.
Хет-трикот се славеше со шампањско веднаш по завршувањето на мечот против нас, на националната арена во Варшава.
https://twitter.com/Ola_Kalinowska/status/1183484171794165768?s=20
Капитенот Роберт Левандовски беше во преден план, а Полска на две кола до крајот е безгрижна бидејќи има 8 бода предност пред нас и Словенија и веќе е учесник на ЕП 2020, а најверојатно заедно со нив и Австрија ќе биде патникот од групата Г на континенталниот самит.
Македонија има само теоретски шанси, но и нереални во последните две кола да ја престигне Австрија, па ни останува да го чекаме март 2020 година и дуелот од полуфиналето со Косово во Лигата на нациите.