9.8 C
Skopje
петок, 5 декември 2025

„Шампиони, шампиони“, Комити ги поздравија Вардарци (Видео)

Екипата на Вардар е есенски првак во Првата македонска фудбалска лига и тоа беше доволна причина за фудбалерите и фановите на Црвено-црните да прослават што по 16 кола се први и таму остануваат најмалку до продолжувањето на сезоната во февруари.

Најверните Комити кои дојдоа да го бодрат тимот на стадионот во Ѓорче Петров ги поздравија своите миленици со скандирања „Шампиони, шампиони“.

Сезоната е долга, има уште многу да се игра, а Вардар има само еден бод повеќе од второпласираната Струга Трим Лум, но, секако, и ова е причина за радост и задоволство, иако главната работа ќе треба да се направи напролет.

 

- Оглас -

Најнови вести