Шампионите мора да ја одбранат честа, со нив ќе се пласира и Мемфис

8457 ЛА лејкерс – Голден стејт вориорс (04ч)

Ретко кој очекуваше дека Лејкерс ќе се најде во ваква позиција и ќе се тресе за пласман во плејофот, но долгите отсуства на Џејмс и Дејвис го натераа шампионот својот поход кон одбрана на тронот да го поминува по потешкиот пат.

За Езерџиите е добро што на домашен терен ќе ја играат клучната пресметка против Вориорс, по која ќе се знае противникот на Феникс санс во првата рунда од разигрувањата. Двете екипи влегуваат со добра форма од по пет, односно шест победи во низа, а она што треба да се знае е дека Лејкерси ја добија серијата против Воините со 2-1 во регуларниот дел од сезоната.

Гостите како шутерска екипа ќе се потпрат на Кари и, пред сè, на нападот, додека Лејкерс ја поседува најдобрата одбрана за оваа сезона и преку неа ќе се обиде да го спречи налетот на Голден стејт.

Предлог тип: 1 & <218,5 поени (2.80)

 

8456 Мемфис гризлис – Сан Антонио спарс (01:30ч)

Мемфис ја има фаворитската улога бидејќи ќе игра на домашен терен, а воедно ја доби овосезонската серија со Сан Антонио во регуларниот дел со две победи и еден пораз. Воедно, Спарси не се во добра форма и наредија четири порази пред клучниот меч против Грзлите, додека Мемфис беше во добра серија од пет победи пред поразот од Голден стејт во последниот меч.

Меѓусебните дуели сезонава завршуваа со висок број поени, меѓутоа во овие услови одбраната е таа која ќе го реши победникот.

Предлог тип: 1 хендикеп -3,5 поени (1.88)

 

8528 Бостон бруинс – Вашингтон капитолс (00:30ч)

Јасно беше дека оваа серија ќе биде една од понеизвесните во разигрувањата, а ако се земат предвид меѓусебните дуели на овие две екипи, во кои головите воопшто недостасуваа, чудно е како во плејофот падна нивниот учинок.

Двата претходни меча се решаваа во продолженија, па сега серијата се сели во Бостон, каде што домаќините ќе сакаат на полесен начин да ја преземат предноста во серијата. Бруинс паметат срамотен пораз од 1-8 против Вашингтон во регуларниот дел, па ќе биде убаво да се дојде до реванш.

Предлог тип: 1 (2.0)

 

8461 Едмонтон ојлерс – Винипег џетс (03ч)

Едмонтон стана вистински кошмар за Винипег откако сезонава домаќините остварија шест последователни победи во меѓусебните дуели, додека Џетси запишаа само две победи во вкупно девет средби од регуларниот дел.

Затоа се очекува Нафташите да ја отворат серијата со сигурна победа, во која би требало да паднат барем пет гола.

Предлог тип: 1 & 5+ (2.87)

 

8530 Колорадо аваланш – Сент Луис блуз (04:30ч)

Лавината ќе се обиде повторно да го потопи Сент Луис и да ја преземе контролата во оваа серија. Дуелот во Денвер ветува возбуда со оглед на тоа дека овие две екипи во осум меѓусебни средби само еднаш одиграа меч во кој имаше само три гола.

Колорадо последен пат на домашен терен загуби кон крајот на март, по што нареди 10 победи на свое тло и е знак дека „Бол арената“ е тешко освоива тврдина.

Предлог тип: 1 полувреме (2.10)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести