Шампионките броеја со девет против Бристол, на ред е машкиот тим на Челзи да го покаже напаѓачкиот потенцијал (видео)

Актуелниот англиски женски шампионски тим Челзи оствари неверојатна победа од 9-0 против Бристол во второто коло од женската Премиер лига, што воедно беше и прв триумф за Сините во новата сезона. На „Стемфорд бриџ“ се броеше до девет, а сите погодоци беа постигнати од различни фудбалерки.

На листата на стрелци по еднаш се запишаа Кирби, Мјелде, Луполж, Катберт, Брајт, Ингланд, Чарлс, Хардер и Кер, голеадата ја почнаа во 15-тата и ја завршија во 86-тата минута. По ваков настап на женскиот тим, на ред е машкиот состав на Сините предводен од Френк Лампард да го покаже напаѓачкиот потенцијал во премиерното коло на гости кај Брајтон, дуел кој е закажан за вечерва во 21:15 часот.

https://www.youtube.com/watch?v=ZXDg18PhIFg

Инаку, жените на Челзи не се единствени кои броеја до девет, на другата страна од Лондон, Арсенал го доби градското дерби против Вест хем со 9-1. Топчијките продолжуваат со рафалот откако во првото коло славеа со 6-1 против Ридинг.

- Оглас -

Најнови вести