Баерн Леверкузен на свој терен славеше против Волфсбург и тоа по голема борба со 4:3. За Фармацевтите ова е трета победа во четвртото коло и се на второто место веднаш зад перфектниот Баерн Минхен.
Со многу пресврти изобилуваше дуелот во Леверкузен. Волфсбург поведе по само пет минути и тоа со автоголот на Мукиеле. Потоа следуваа два погодоци на домаќинот. Виртц и Тах донесоа радост за Баер Леверкузен и водство од 2:1 во 32 минута.
Сепак, тука не завршија возбудувањата во првото полувреме. На ред беа гостите. Волфсбург даде два гола до крајот на првиот дел и на 15-минутната пауза замина со предност од 3:2.
Тешка задача имаше Баер во вториот дел, но успеа да направи нов пресврт и на крајот да стигне до победа. Во 49 минута веќе беше 3:3, но потоа резултатот не се менуваше се до последните моменти.
Започна да се игра судиското надополнување која во 90+3 минута Бонифејс даде гол за 4:3 и победа на актуелниот германски првак.