Шампионот детронизиран: Мадрид го слави голманот Лунин, Реал е во полуфиналето на ЛШ! (Видео)

Екипата на Реал Мадрид е последниот полуфиналист во Лигата на шампионите, откако дури по изведувањето на пеналите го исфрли бранителот на трофејот, Манчестер сити. Натпреварот во регуларниот дел и по продолженијата заврши нерешено, 1-1, а Кралскиот клуб со 4-3 беше подобар во пенал-серијата.

Украинскиот голман, Андриј Лунин, е херојот на Реал Мадрид, кој не само што одбрани два пенали, туку беше фантастичен и во текот на целиот натпревар. Лунин ги одбрани ударите на Бернардо Силва и Матео Ковачиќ, додека Едерсон беше поуспешен само од Лука Модриќ во првата серија.

Реал Мадрид во полуфиналето за противник ќе го има составот на Баерн Минхен, додека другото полуфинале го сочинуваат ПСЖ и Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести