Најпријатното изненадување во новата ракометна сезона е екипата на Охрид, која е лидер на табелата со максимални шест победи од шест натпревари. Охриѓани вечерва убедливо на домашен терен го совладаа дебитантот Бисинов од Велес со 35-18 и со максимални 12 бода, но и неверојатна гол-разлика од +76 гола после само шест натпревари се лидери на табелата. Со нивниот ефект може да се израмни само екипата на Алкалоид, која во понеделник на домашен терен ќе ја пречека Струга.
Победа во шесттото коло забележа и актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, кој со двоцифрена ралика, 23-35 славеше на гостувањето во Куманово. Битолчани и Вардар имаат по 10 бода и се веднаш зад Охрид и Алкалоид на табелата.