Шампионот е непобедлив на домашен терен – Луис Хамилтон знае само за злато на Силверстон

Луис Хамилтон е на домашен терен и е речиси непобедлив на патеката во Силверстон, каде денеска од 15.10 часот ќе се вози трката за Големата награда на Велика Британија.

Овојпат Хамилтон ќе ја нема поддршката од публиката, бидејќи трката ќе се вози без присуство на луѓе на трибините, но Британецот има се друго за нова рекордна седма победа во Силверстон.

Вчера ја освои пол-позицијата по рекорден седми пат, ќе се обиде да заокружи седмица и на Силверстон денеска, на патот кон седмата шампионска круна.

Зад Хамилтон ќе стартува неговиот клупски колега од Мекларен, Валери Ботас, а потоа се Марк Ферстапен од Ред Бул и Чарлс Леклерк од Ферари.

Себастијан Фетел со вториот болид на Ферари ги заврши квалификациите на 10. место, а тој е единствениот пилот во Формула 1, што го победил Хамилтон на Силверстон во последните шест изданија на трката.

Ферари има најмногу титули на трката за Големата награда на Велика Британија, кај конструкторите, нивните пилоти славеа 16 пати, но на почетокот на сезоната неприкосновено е дуото од Мекларен, Хамилтон и Ботас.

Актуелниот првак има 63 бода по три трки, а Ботас е зад него со 58. Поредокот во Генерален пласман е ист како што ќе биде и на стартот на денешната трка. бидејќи Марк Ферстапен засега е на третото место со 33 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести