Шампионот е реален: Ние сме далеку од самиот врв, не ни размислувам за нова титула

По три трки извозени во новата сезона од Формула 1, Ферари со Шарл Леклер се издвои како еден од најсериозните кандидати за титулата во двете конкуренции.

Актуелниот првак Макс Ферстапен имаше дури две откажувања, додека седумкратниот шампион Луис Хамилтон има големо заостанување зад болидите на Ферари и Ред Бул.

„Морам да признаам дека сезонава е потешка од тоа што очекував дека ќе биде. Не ни размислувам за шампионатот бидејќи очигледно е дека сме далеку зад самиот врв.

Нè очекува уште една тешка трка во Имола, која е практично домашниот терен на Ферари. Ни претстои многу работа и се надевам дека резултатите ќе бидат подобри како што одминува сезоната“, изјави Ферстапен.

За две седмици се вози трката за Големата награда на Емилија-Ромања во Имола, на легендарната патека „Енцо и Дино Ферари“. Леклер е лидер во генералниот пласман со 71 бод, потоа следува Џорџ Расел со 37, па Карлос Саинс со 33 бода.

Седумкратниот првак Луис Хамилтон има 28 бодови и е под број пет, додека актуелниот шампион Макс Ферстапен има само 25 бодови и се наоѓа на шестото место.

- Оглас -

Најнови вести