Во пресрет на слободните тренинзи и вечерашните квалификации за спринт трката во Мајами, актуелниот Формула 1 шампион Макс Ферстапен, стана татко.
Холандскиот пилот кој има 27 години, првпат стана родител, и доби ќерка кој се вика Лили. Партнерката на Макс која го роди девојчето е 36-годишната Кели Пике. Таа е ќерка на некогашниот Ф1 првак Нелсон Пике, сестра на пилотот Нелсон Пике јуниор, а бивша сопруга на рускиот Формула 1 пилот Данил Квјат со кој истотака има ќерка која ја роди во 2019 година.
Брзо после раѓањето на ќерката Пенелоп, таа раскина со Квјат, а од 2020 година е во врска со Ферстапен.
Ферстапен му се придружи на Нико Хулкенберг како единствените двајца татковци меѓу актуелните Формула 1 пилоти.
На Инстаграм, Ферстапен сподели црно-бела фотографија и напиша трогателни зборови: „Добредојде на светот, слатка Лили. Нашите срца се пополни од кога било – ти си нашиот најголем дар. Те сакаме толку многу“.