Шампионот го брани првото место, ќе напаѓа најтрофејната нација на Копа Америка

Бермудски острови – Никарагва (Голд куп, 00,30 часот)

Микс од играчи од пониските лиги во Велика Британија, претежно од Англија е составот на Бермудските острови. Играат многу солидно на Голд купот и претрпеа два минимални и идентични порази со по 1:2 од фаворитите во Б групата, Костарика и Хаити.

И двете селекции немаат шанса за пласман во следната фаза, а ќе имаат мотиви да ја забележат првата победа на турнирот.

Никарагва разочара со два порази без постигна гол, па ќе бараат барема мала рехабилитација за своите симпатизери со евентуален триумф против директниот конкурент за третото место во групата.

Грото репрезентативци на Никарагва се од домашната лига, а имаат и двајца играчи што настапуваат во пониските лиги на Шведска.

Мечот е без преголемо резултатско значење, не носи пласман во следната фаза, па ќе типуваме со игра на голови.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.25)

 

Чиле – Уругвај (Копа Америка, 01 часот)

Актуелниот првак на Јужна Америка, Чиле игра одлично и на ова издание на Копа Америка, иако имаше критики во домашната јавност дека формата на репрезентативците е во пад и дека тешко ќе стасаат до хет-трик, со трета титула по ред.

Алексис Санчес е клучниот играч на Чиле и кога тој игра добро, тогаш популарната Ла Роха функционира како часовник. Слично е и со Еди Варгас, кој игра многу подобро за Чиле, отколку за клубовите за кои настапувал. Имаат искусна екипа, што со мали измени во ист состав игра долго време.

Уругвај е еден од главните фаворити за титулата, а состав со Кавани, Суарес, Годин…. и не може да се третира поинаку, отколку како сериозен претендент за титулата. Тоа е најтрофејната нација на Копа Америка со 15 титули и има амбиции да прокнижи уште една шампионска ѕвездичка.

Проблем за популарните Уруси е што тешко играат со селекции, кои негуваат брз фудбал, што се потврди и на дуелот со Јапонија, која им зададе многу маки на фаворитите и ремизираше 2:2.

На Чиле му одговара и реми за прво место во групата, Уругвај ќе мора да победи, ако сака осминафинален меч со полесен противник, па ќе биде интересно да се проследи дербито во Ц групата на Копа Америка.

Предлог тип: Х (3.15)

 

Еквадор – Јапонија (Копа Америка, 01 часот)

Јапонија пристигна на Копа Америка како гостин, што станува традиција за јужноамериканското првенство, малку ги разочара организаторите што дојде со подмладен состав, но игра солидно.

Предводени од ветеранот Шинџи Оказаки и 22-годишниот Коџи Мијоши му задаваа многу проблеми на Уругвај, дури можеа и да победат, а со ремито 2:2 останаа во игра за четвртфинале на Копа Америка.

Самуарите мора да одат на победа, за да ги прескокнат Парагвај и Перу на листата со две најдобропласирани треторангирани селекции во трите групи, што им носи настап во завршницата.

Ист е случајот и со Еквадор, кој има два порази и гол-разлика 1:6, но со триумф ќе игра во четвртфиналето. По стартниот дебакл од Уругвај со 0:4, одиграа многу подобро против Чиле, а сега најавуваат атак на победа и пласман во нокаут фазата.

Капитенот Габриел Ахилиер нема да игра, откако беше исклучен на мечот со Чиле, а отустен од иста причина ќе биде Хосе Кинтерос, кој доби црвен картон на првиот меч.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.10) Супер тип Sport Life

 

Хаити – Костарика (Голд куп, 00,30 часот)

Костарика е еден од фаворитите за титулата на Голд купот, а повторно одбраната е посилниот дел на четвртфиналистот од Мундијалот пред пет години.

Тука се Дуарте, Гамбоа и Гонзалес кои играат и на СП 2014 година, кога популарните Лос Тикос загубија на пенали од Холандија во меч за полуфинале.

Сега не игра легендата Брајан Руиз, но Костарика има одличен состав и е голем фаворит против Хаити.

И двете селекции имаат по две победи, одат понатаму, а ова е меч за првото место во Б групата. Предност и подобра гол-разлика има Костарика, им одговара и реми, па и таков исход не е исклучен. Хаити ја нема победено Костарика на досегашните 8 меѓусебни дуели, па ќе типуваме дека традицијата ќе продолжи.

Предлог тип: 2 (1.60)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести