Актуелниот НБА-првак Голден стејт претрпе пораз на свој терен од директниот ривал за место во плејофот, екипата на Минесота. Гостите победија со 99:96, па сега Минесота има 38 победи и 37 порази и е на седмото место, додека Голден стејт е на шестата позиција со 39 победи и 37 порази. Тоа значи дека до крајот на регуларниот дел, пеколна ќе биде борбата за Топ 6, кои директно носат пласман во плејофот.
Минесота водеше во поголем дел од средбата, а гостите во последната четвртина имаа и предност од девет поени (84:75). Голден стејт успеа да направи пресврт и на 15 секинди до крајот домаќините водеа со 96:95 и имаа напад. Сепак, наместо да ја држат топката до крајот и да добијат фаул, тие успеаја да ја загубат, односно Андерсон да ја украде, а потоа Карл-Ентони Таунс да постигне и тројка, која беше клучна за победа на Минесота.
https://twitter.com/i/status/1640188079792087042
Резултати: Атланта – Мемфис 119:123, Бостон – Сан Антонио 137:93, Кливленд – Хјустон 108:91, Орландо – Бруклин 119:106, Торонто – Вашингтон 114:104, Портланд – Оклахома 112:118, Голден стејт – Минесота 96:99.