Бостон селтикс – Торонто репторс (01ч, НБА лига)
Бостон и во вториот меч од новата сезона мора да игра дерби, а по поразот кај Сиксерс ноќеска во „ТД Гарден“ им гостува актуелниот првак Торонто. Иако Филаделфија им ги расипа плановите на стартот, Келтите се уверени дека на домашен терен ќе им тргне особено ако Хејворд и Тејтум повторно одиграат на високо ниво.
Во корист на најтрофејната екипа е и меѓусебниот скор, поготово на домашен терен. Торонто речиси три години е без радост во Масачусетс, доволна причина за Рептилите да бидат нервозни пред оваа средба.
Торонто на отворањето се провлече против младиот состав на Њу Орлеанс, благодарение на Сиакам и Ванвлит и нивниот комбиниран учинок од 68 поени. Токму тие двајца покрај искусниот Лаури ќе се обидат да стават крај на лошата традиција.
Предлог тип: <211,5 поени (1.95)
Бруклин нетс – Њујорк никс (01:30ч, НБА лига)
Во Големото Јаболко се игра градското дерби меѓу Нетс и Никс, екипите кои со пораз тргнаа во новата сезона. Во „Барклајс центарот“ Минесота ја украде победата иако Ирвинг блескаше со 50 поени на дебито за Бруклин, а сега во вториот дуел пред свои навивачи, токму ексиграчот на Кливленд и Бостон ќе сака да го истури гневот врз градските ривали.
Њујорк за малку не изненади на гостувањето кај Сан Антонио, а ниту вечерва нема големи шанси да дојде до посакуван резултат. Во меѓусебните дуели Бруклин доби четири од последните пет, податок кој оди во полза за домаќините.
Предлог тип: 1 & <227,5 поени (2.50)
Лука Дончиќ (Њу Орлеанс пеликанс – Далас маверикс – 02ч, НБА лига)
Во победата над Вашингтон со 108:100 Лука Дончиќ блескаше на паркетот. Сензационалниот Словенец го предводеше Далас со 34 поени и за еден скок не оствари дабл-дабл. Добро му тргна и на Порзингис, литванскиот „џин“ дебитираше со 23 поени, како најава дека Маверикс може да се потрпе на европското дуо.
Младите Пеликани покажаа заби против Торонто иако во составот им недостасуваше Зајон Вилијамсон, а првиот пик нема ниту ноќеска да игра. Во негово остуство, Дончиќ повторно ќе ја прави разликата на теренот, па би требало да ја надмине границата на дадените поени.
Предлог тип: Дончиќ >24,5 поени (1.75)
Никола Јокиќ (Денвер нагетс – Феникс санс – 03ч, НБА лига)
Џокерот продолжи онаму каде што застана минатата сезона, како лидер на Денвер ги одведе до првата победа и тоа на гости кај опасниот Портланд. Во репризата од минатосезонската четвртфинална серија, Јокиќ беше најефикасен од редовите на Нагетс со дабл-дабл од 20 поени и 13 скока, а за ноќеска бараме само еден кош повеќе од него.
Против Феникс тоа не би требало да е проблем за најдобриот центар во лигата од минатата сезона, а дополнителен мотив ќе му биде домашната поддршка во обидот да го одржи победничкиот ритам на својот тим.
Предлог тип: >21,5 поени (1.85)
ЛА лејкерс – Јута џез (04:30ч, НБА лига)
Езерџиите потфрлија во градското дерби против Клиперс и разиграниот Ленард, па сега задача на дуото Џејмс – Дејвис е да се поправи впечатокот против Џезерите. Јута доаѓа во „Стејплс центарот“ со надеж дека ќе може да ја повтори партијата против Оклахома, но за тоа ќе биде потребен уште еден блескав настап на Мичел. Ѕвездата на Џез реализира 34 поени и додаде 12 скока во победата против Тандерс, тој ќе биде најголемата закана за популарните „златно-виолетови“.
Треба да се земе во предвид и дека Лејкерс на домашен терен загубија седум од последните 10 дуели против Јута, но тимот од Ел – еј сезонава има далеку поквалитетен состав од претходниве неколку години.
Предлог тип: хендикеп 1 -4,5 разлика (2.0)