Ништо од изненадувањата на првите официјални квалификации годинава во Формула 1 шампионатот, двократниот првак Макс Ферстапен од Ред Бул ја освои пол-позицијата во Бахреин и утре на трката ќе тргне прв.
Фернандо Алонсо на тренинзите најави дека е брз, Шарл Леклер од Ферари истотака имаше добри времиња, но кога беше најпотребно, Ред Булот „леташе“ и оствари најдобро време.
Покрај Ферстапен, во првиот ред ќе биде неговиот тимски колега Серхио Перез, а потоа следуваат Шарл Леклер и Карлос Саинс од Ферари. Алонсо од Астон Мартин е петти, по што се двата Мерцедеси на Џорџ Расел односно Луис Хамилтон.