Шампионот и вицешампионот го возвратија ударот, Атланта ја огреа сонце во последен миг (Видео)

Шампионот на НБА Милвоки Бакс и актуелниот вицепрвак Фенуикс санс го возвратија ударот и водат со 2:1 во плејоф сериите од првото коло против Чикаго булс, односно Њу Орлеанс пеликанс.

Истиот резултат е и во серијата меѓу Мајами хит и Атланта хоукс, а Сонцата прокоцкаа голема можност да поведат со 3:0.

Во Аталнта пристигнаа со две домашни победи и имаа предност од 15 поени разлика, 83:68 до која дојдоа со импресивна серија од 21:0, но немаа одговор за Тре Јанг.

Бекот на Атланта погоди клучен шут за победа од 111:110 на четири секунди до крајот.

Мечот го заврши како најефикасен кошаркар со 24 поени, исто колку што имаше и Тајлер Хиро кај Мајами хит. И следниот меч се игра во Атланта, а пбедник во плејоф серијата ќе биде тимот што прв ќе забележи четири победи.

Шампионот Милвоки бакс го возврати ударот и брејкот на Чикаго булс и славеше убедливо на првото гостување кај Биковите со 111:81.

Иако играа без Крис Мидлтон, Бакс беа убедливи и го декласираа ривалот со 30 поени разлика, па сега водат со 2:1.

Истото го стори и вицешампионот Феникс санс и по поразот дома на вториот меч, ноќеска го победи Њу Орлеанс на гости со 114:111.

Ветеранот Крис Пол беше незадржлив и постигна 28 поени, од кои 19 во последниот период.

За Феникс не играше Ол-стар бекот Букер поради повреда. Де Андре Ајтон постигна 28 поени со 17 скока и Санс водат со 2:1.

- Оглас -

Најнови вести