Интер успеа да победи со 1:0 против Торино и да се зацврсти на врвот на табелата во Серија А пред божикните и новогодишните празници.
Актуелниот шампион на Италија славеше со голот на Думфрис во првото полувреме и ќе ја чека новата 2022 година како лидер со најмалку четири бода предност пред Милан и Наполи.
Двата главни ривали играат вечерва за последен пат во 2021 година и ако ги победат Емполи, односно Специја ќе бидат на дистанца од 4 бода зад Интер.
Голем кикс и се случи на Рома против Сампдорија, со реми 1:1, резултат што е конечен и на мечот меѓу Верона и Фиорентина.