Шампионот Љуботен продолжува да гази, предизвикувачот Саса на мускули до победата (Видео)

Актуелниот шампион на Македонија во женски фудбал, тетовски Љуботен, продолжува со високи резултати да ги победува своите противници. Тетовските фудбалерки на последниот меч го совладаа составот на Топ Гол од Битола со високи 8-1 и сосема заслужено останува на лидерската позиција на табелата во Првата женска фудбалска лига на Македонија. Бразилската интернационалка Присила Едите Силва на овој натпревар беше стрелец на дури четири погодоци.

Второпласираната екипа на Каменица Саса, на мускули и со крајни маки дојде до победата на незгодно гостување кај Истатов со 1-2. Убедлива победа забележа и третопласираната Тиверија од Струмица, која победи на гостувањето во Прилеп со 0-9 против составот на Цевитана, во меч на кој Теодора Шопов постигна пет погодоци.

Резултати – 17. коло:

Љуботен – Топ Гол 8-1
Ас јунајтед – Речица 1-1
Цевитана – Тиверија 0-9
Истатов – Каменица Саса 1-2
Скопје – Шкендија (одложена)

табела: 1. Љуботен 44, 2. Каменица Саса 43, 3. Тиверија 38, 4. Ас јунајтед 36, 5. Скопје 25 (-1 нат.), 6. Истатов 15, 7. Цевитана 13, 8. Шкендија 10 (-1 нат.), 9. Топ Гол 9, 10. Речица 9.

- Оглас -

Најнови вести