Шампионот Манчестер сити во првото коло од новата сезона гостува на „Стемфорд бриџ“

Новата сезона во Премиер лигата започнува на 16 август. Манчестер сити, кој е актуелен шампион, ќе ја започне сезоната со гостување кај Челзи на „Стемфорд Бриџ“. Овој натпревар ќе биде и првиот за новиот менаџер на Челзи, Енцо Мареска.

Арсенал, кој беше близу до титулата минатата сезона, ќе го започне новиот шампионат со натпревар против Вулверхемптон на домашен терен. Ливерпул, со новиот предводник Арне Слот, ќе ја започне сезоната со гостување кај Ипсвич, кој се враќа во Премиер лигата по 22 години.

Манчестер јунајтед, освојувачот на ФА Купот, ќе го отвори новиот шампионат со натпревар дома против Фулам на 16 август.

Тотенхем ќе оди на гости кај Лестер, додека Астон Вила, која обезбеди учество во Лигата на шампионите благодарение на успешната мината сезона, ќе ја започне сезоната со гостување кај Вест Хем.

- Оглас -

Најнови вести