Дали е ова „подарок“ коефициент за победа на МЗТ против Работнички?

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички денеска ќе играат во малку поинаква атмосфера во „Јане Сандански“. Поради страв од Коронавирусот, одлучено е овој, но и сите останати дуели од ова коло да се играат пред празни трибини. Тоа значи дека ќе изостане ривалството на трибините, но треба да биде жестоко на теренот.

Ова ќе биде 151 вечно дерби, а интересно е што на дуелите кои се играле во Аеродром, резултатот е израмнет и двата тима имаат по 32 победи. Доколку МЗТ ја искористи предноста на домашен терен, тогаш Аеродромци ќе имаат два бода пред вечниот ривал и ќе бидат многу блиску до осигурување на челната позиција.

Во првиот меч сезонава, во „Градски парк“, актуелниот првак беше убедлив и го победи Работнички со 93:68, но тоа не мора ништо да значи пред денешниот дуел. Работнички ќе се обиде да ја прекине серијата на противникот од четири победи по ред.

За повозбудливо дерби Sport Life понуди интересни коефициенти, според кои домаќинот е фаворит.

 

- Оглас -

Најнови вести