Кошаркарите на Барселона ја совладаа Црвена звезда со 85:79 во 29-то коло во Евролигата и ја прекинаа серијата од два порази, додека Црвено-белите и шансите за пласман меѓу осумте најдобри ги сведоа на теорија.
По новиот пораз, Црвена звезда има скор од 12 победи и 16 порази и додека Барселона е четврта со 18-10. Осмопласираниот тим на табелата, Басконија има скор 15-14 на шест кола до крајот на регуларниот дел.
Најдобри во редовите на Барселона беа Никола Миротиќ и Јан Весели кои постигнаа по 21 поен, додека кај Црвено-белите блескаше Факундо Кампацо со 24 постигнати поени.
Во германската пресметка, Алба Берлин како гостин го победи Баерн Минхен со 75:76. Поените за победа ги постигна Јани Ветцел на една секунда до крајот. Ветцел натпреварот го заврши како втор најефикасен кошаркар во својот тим со 11 поени, заед Маодо Ло кој даде 16.