Фудбалерите на Ал-Хилал се првите финалисти на Светското клупско првенство откако во полуфиналето приредија изненадување и го совладаа шампионот на Јужна Америка. Азискиот шампион со 3:2 го совлада Фламенго.
https://twitter.com/i/status/1623041520801615909
Ал-Хилал изненадувањето го најави уште во четвртата минута со голот на Салем Ал-Давсари од пенал. Бразилскиот тим преку Педро дојде до израмнување во 20-та минута, но во последните моменти од првиот дел, Ал-Давсари по вторпат го совлада Сантос.
https://twitter.com/i/status/1623041564950859812
Во вториот дел, Лусијано Вието во 70-тата минута погоди за 3:1 за Ал-Хилал, и тоа по асистенцијата на Ал-Давсари.
https://twitter.com/i/status/1623059916117225472
Шампионот на Јужна Америка до крајот на мечот успеа само да го ублажи поразот, и тоа во првата минута од судиското продолжение преку Педро.
Flamenco [2]-3 Al Hilal
Pedro 90’+1’ [FIFA Club World Cup]#FLA #HIL
— Zack (@GoalsZack) February 7, 2023
Ал-Хилал во финалето ќе игра со подобриот од второто полуфинале кое е закажано за утревечер и во кое ќе се сретнат Реал Мадрид и египетскиот Ал-Ахли.