Екипата на Линколн сити одигра нерешено 1:1 на гости кај Рига, во првиот меч од плејофот за пласман во групната фаза од конференциската лига. Шампионот на Гибралтар е во обид да стане првиот клуб од оваа земја што ќе игра во групна фаза од едно наптреварување на УЕФА.
Рига беше фаворит и поведе со гол во 61-вата минута, но само 11 минути подоцна Линколн даде гол за 1:1, што беше и конечен резултат. На Линколн сега му останува во реваншот на свој терен да забележи макар минимална победа за да стигне до историски триумф.
Во останатите мечеви кои досега се одиграа во плејофот од Конференциската лига: Шахтар К. – Макаби Тел Авив 1:2, Флора – Шемрок 4:2, Купс – Унион Берлин 0:4, Карабах – Абердин 1:0, Раков – Гент 1:0, Хапоел Бер Шева – Анортозис 0:0, ЛАСК – Сент Џонстон 1:1. Нефчи – Макаби Хаифа 3:3, П’лзењ – ЦСКА 2:0, Жалгирис – Бодо/Глимт 2:2.