Шампионот на Хрватска се спаси од бламажа со вистинско голчиште од над 30 метри (Видео)

Фудбалската јавност во Хрватска беше разочарана од елиминацијата на нивниот шампион Риека уште во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите од бугарскиот Лудогорец.

Но, вистинскиот шок следуваше во третото коло од Лигата на Европа, кога Риека на домашен терен загуби со 1-2 од ирскиот Шелбурн.

Сепак, Хрватите ја оправдаа фаворитската улога во овој двомеч и со победа од 1-3 на гостински терен продолжуваат во плејофот, каде што за место во лигашкиот дел ќе се борат со подобриот од двомечот на ПАОК и Волфсбергер.

Тони Фрук во 33-тата минута ја донесе Риека во водство од 0-1, а Тијаго Дантас во 73-тата со вистински еврогол од над 30 метри зголеми на 0-2.

Одубеко од пенал во 86-тата минута намали на 1-2, а кога сите мислеа дека ќе следуваат продолженија, Анте Орец погоди за 1-3 во 90-тата минута и ја однесе Риека во следното коло.

Македонскиот репрезентативец, Јован Манев, не беше дел од составот на хрватскиот шампион за овој меч.

- Оглас -

Најнови вести