Фудбалскиот шампион на Црна Гора, Дечиќ се реши на радикални промени по освојувањето на титулата во домашното првенство. Клубот реши да го промени клупскиот грб, кој во иднина ќе изгледа сосема поинаку.
Наместо сино-белата комбинација која беше препознатлива за тимот на Дечиќ, сега боите на грбот се црвена,црна и жолно-златна, а ја нема ниту препознатливата петокрака која беше препознатлива уште од основањето на клубот во 1926 година.
Освен промената на грбот, клубот од Тузи реши да го додаде и албанскиот назив на името. Во овој град во Црна Гора, дури 60 отсто од населението се изјасниле дека се Албанци, па затоа и името на клубот како додавка го доби и албанскиот назив.
Дечиќ во сезоната која што измина стигна до титулата пред Будуќност и летово ќе игра во квалификациите од Лигата на шампиони, каде прв предизвик ќе им биде тимот на ТНС од Велс.