Кошаркарите на МЗТ Скопје дојдоа до предност од 1-0 во финалната серија од Првата кошаркарска лига на Македонија. Бранителот на трофејот не дозволи брејк на битолчани и во „Јане Сандански“ победи со 82-77.
Пелистер долго беше во игра, се до последните моменти од мечот, но неколкуте грешки, но и промашени удари ја донесоа победата за МЗТ Скопје. „Штрковите“ доминираа во првиот дел, кој го добија со 50-40, но во третата четвртина Пелистер се врати во игра и дојде на само минус два поени негоатива.
Битолчани во последната четвртина дојдоа дури и во водство, но МЗТ Скопје не дозволи изненадување и дојде до водство од 1-0 во финалето од плеј-офот.
Дамјан Стојановски со 16 поени беше најефикасен во победничкиот состав, но воопшто на натпреварот најмногу поени постигна Јуре Планиниќ од Пелистер, 19.
Вториот натпревар од финалната серија ќе се одигра во вторник, повторно во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.