Шампионот не е опасен без Дејвис, претрпе дебакл од фуриозната Јута (видео)

Дефинитивно кризата е присутна во редовите на актуелниот шампион ЛА лејкерс, се потврди тоа во претрпениот дебакл кај лидерот од Западот, Јута џез, со високи 114:89. За Лејкерси ова четврти последователен пораз, по што станува јасно дека се безопасни кога на паркетот ја немаат втората ѕвезда, Ентони Дејвис.

Јута отсвири тежок џез и го потопи шампионот со 22 тројки, од кои 14 ги погодија во првото полувреме, во моментите кога ја изградија убедливата предност. Џејмс и дружината цело второ полувреме бркаа 20 или повеќе поени негатива, која за нив беше недостижна при влезот во последните 12 минути.

Иако беше најефикасен на средбата, Леброн Џејмс ја одигра можеби најслабата партија сезонава само со 19 поени и по четири скока и асистенции. Во редовите на Јута дури шестмина кошаркари беа двоцифрени, Кларксон и Гобер реализираа по 18, Богдановиќ застана на 15 поени.

Јута останува убедлив лидер на Западот со учинок 26-6 и како единствена екипа во целата лига со едноцифрен број порази. Лејкерси го губат чекорот, односно се трети на табелата со 22-10, пред нив е градскиот ривал Клиперс со една победа повеќе.

Останати резултати НБА:

Атланта 127:112 Бостон, Кливленд 112:96 Хјустон, Индијана 107:111 Голден стејт, Чикаго 133: 126 Минесота, Мајами 116:108 Торонто, Њу Орлеанд 128: 118 Детроит, Оклахома 102:99 Сан Антонио, Феникс 121:124 Шарлот.

- Оглас -

Најнови вести