Шампионот не го пушта Војдан – Стојановски уште две години во МЗТ!

Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром, официјално ја продолжи соработката со Војдан Стојановски на уште две сезони. Нашиот репрезентативец ја потврди верноста кон Штрковите, во наредните две сезони ќе продолжи да биде еден од лидерите на екипата на Александар Петровиќ.

Актуелниот шампион изминатиов период водеше тешка битка со ривалите околу потписот на Стојановски, но сега веќе нема дилеми дека Војдан и натаму ќе игра рамо до рамо со братот-близнак Дамјан, за поквалитетен МЗТ во претстојната сезона во која ќе се брани титулата.

Тој е единаесеттиот кошаркар со кој во моментов располага тренерот Петровиќ, по Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Дамјан Робев, Андреј Андоноски, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Тука се и талентираните Димитар Иванов, Бојан Величковски и Марко Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести