Шампионот не промашува меч-топки, Ефес ќе ја брани титулата на фајналфор во Белград (Видео)

Актуелниот европски првак Анадолу Ефес ќе ја брани титулата на фајналфор-турнирот во Белград и му се приклучи на Реал Мадрид како втор тим што ќе игра на завршницата во Евролигата.

Турскиот тим вечерва по третпат го победи Армани Милано и го елиминира со 3:1. Предводени од неверојатниот Тибор Плајс, кој постигна 25 поени и промаши само еден удар на мечот, Ефес славеше со 75:70 и ќе патува во Белград.

Центарот на турскиот тим погоди 5 од 6 удари за два поени, беше непогрешлив за тројка и имаше 3 од 3, а ги погоди и сите шест слободни фрлања.

Ефес го имаше и расположениот Василие Мициќ, кој беше втор стрелец во тимот со 20 поени, а еден поен повеќе од него постигна Луиџи Датоме, најефикасниот кошаркар на Милано.

Турскиот тим третпат по ред ќе игра на фајналфор-турнирите, а лани ја освои и првата титула со триумф од 86:81 во финалето против Барселона.

Токму Барселона очекува повторно да игра на Ф4, а и Олимпијакос ќе има меч-топка против Монако, откако поведе со 2:1 во плејоф-серијата до три победи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести