Макс Ферстапен победи на Формула 1 трката на патеката во Лас Вегас и дополнително ја намали негатвата во бодови во однос на Ландо Норис кој е најблиску до титулата.
Норис кој тргна од пол-позиција, заврши втор, а доволно ќе му биде да биде втор и на последните две трки за да дојде до првата титула. На две трки до крајот, Норис има 408 поени, Оскар Пјастри (утрово беше четврти) има 378, а Ферстапен 366.
Разликата од првиот до третиот е 42 поени, а во игра се уште 58 поени (две трки и еден спринт).
После трката во Лас Вегас, најдобрите тројца беа возени со розев автомобил, добија и розеви очила, за поголемо шоу во градот во САД кој никогаш не спие.



