Шампионот нема утка – Манчестер сити на пенали го одбрани пехарот (Видео)

Клаудио Браво го прочита ударот од белата точка што го изведе Џорџо Вијналдум во втората серија пенали што се покажа како доволно за Манчестер сити да ја одбрани круната во Комјунити шилд, или Суперкупот на Англија во дуелот со Ливерпул.

Сите пет играчи на Манчестер сити беа прецизни од 11 метри, па попусто за Ливерпул погодуваа Шакири, Лалана, Окслејд Чембрлен и Салах. Кај шампионот погодија Гундоган, Бернардо Силва, Фоден, Зинченко и Жезус, што им донесе шести пехар во ова натпреварување.

Во регуларниот дел Рахим Стерлинг со гол во 12. минута донесе радост и водство за Манчестер сити, а израмни Жоел Матип со прецизен удар во 77. минута.

https://www.youtube.com/watch?v=EL_p2EsIEDY

Претходно Вирџил Ван Дајк за некој сантиметар не успеа да погоди и да израмни, а потоа и Стерлинг утна чист зицер за 2:0 за Сити.

Во самиот финиш Кајл Вокер спаси со прекрасна интервенција од самат гол-линија и не дозволи целосен пресврт и победа на Ливерпул, по ударот на Мо Салах.

- Оглас -

Најнови вести