Шампионот од САД Опен чекаше неверојатни 14 месеци за победа и конечено се израдува

Австрискиот тенисер Доминик Тим беше голема надеж и имаше одлични настапи, а кулминација на неговиот успех се случи пред две години кога на Гренд слем турнирот во Њујорк, го освои пехарот на САД Опен 2020. Тим беше во одлична форма, но потоа заработи повреда на зголобот и мораше да паузира.

Тим имаше кошмарна низа од 10 порази по ред на АТП турнири и цели 14 месеци чекаше на радост. За овој период, Тим падна на дури 339 место на АТП листата, а сега се обидува полека да се врати на старите патеки.

Австриецот денеска конечно се израдува на победа и тоа во првото коло од АТП турнирот во Баштад. Тим славеше над Емил Русувури кој е на 43 место на АТП листата и тоа со пресврт. Првиот сет Тим го загуби со 3:6, но ги доби наредните два сета и тоа со 6:1, 7:6, со што стави крај на неверојатната лошаниза без победа на АТП турнир од дури 426 денови.

„Последната победа ја имав во Рим во 2021 година. Многу работи се случија потоа. Беше тешко, но ова е едно добро искуство, генерално за во животот. Среќен сум што победив“, рече Тим.

Во второто коло, Тим ќе игра против Роберто Баутиста Агут.

https://twitter.com/i/status/1546850444835803137

- Оглас -

Најнови вести